Лестер го собори трансфер рекордот за да ги победи Манчестер јунајтед и Тотнем до потписот на Јури Тилеманс

by
0 минути читање

22 годишниот
Белгиец вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Лестер и со
добрите игри го привлече вниманието на неколку клубови, помеѓу кои Манчестер
јунајтед и Тотнем.

Но „лисиците“ не
штедеа за да го задржат Јури Тилеманс и денеска во целост го откупија од
Монако.

Шампионот на
Англија од сезоната 2015/16 соопшти дека со ангажманот на фудбалерот од средниот ред го
собориле сопствениот трансфер рекорд без притоа да откријат повеќе детали.

Според пишувањта
на медиумите се работи за зделка вредна 40 милиони фунти или околу 45 милиони
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×