Фокс Спорт објави
дека Аргентина на маса има предлог да стане дел од новото натпреварување под
капа на УЕФА, Лига на нации и „гаучосите“ сериозно размислуваат да го прифатат предлогот по
случувањата на Копа Америка.
Сепак, европската
куќа на фудбалот експресно реагираше и испрати демант во кој се вели дека
Аргентина може да биде само гледач.
„Нема вистина во написите дека Аргентина добила покана да биде дел од
натпреварување под капата на УЕФА, ниту пак да стане членка на УЕФА. УЕФА
никогаш не дискутирала на оваа тема, ниту пак ќе дискутира. Сепак, во духот на
пријателството, можеме да ја поканиме Аргентина како специјален гостин да
гледа натпреварување кое го организира УЕФА“ – се вели во соопштението.