Милан и Реал го потврдија трансферот на Тео Ернандез, конфузија за начинот на кој е реализирана зделката

by
1 минути читање

Милан и Реал Мадрид вечерва го соопштија трансферот на Тео Ернандез откако попладнево Серија А ги претекна со објавата и го вметна името на Французинот помеѓу играчите чиј договор е регистриран.

Левиот бек стави потпис на петгодишен договор и се обврза кон „росонерите“ до 30. јуни 2024 година. 

Сепак има одредена конфусија за начинот на кој е реализирана зделката. Од соопштенијата на Милан и Реал се добива впечаток дека се работи за перманентен трансфер, додека пак медиумите шпекулираат дека се работи за позајмица и обврска играчот во целсот да биде купен.

Двата клуба не открија никакви детали, а според гласините, Милан ќе одвои 20 милиони евра за услугите на Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×