Сер Алекс Фергусон одобрува рекорден трансфер, легендата се чуди како Манчестер јунајтед не тргнал порано по Мегваер

by
1 минути читање

Клубот од Олд
Трафорд оваа недела достави понуда вредна 70 милиони фунти за услугите на
дефанзивецот, но Лестер го одби предлогот. „Лисиците“ бараат сума која ќе го
собори рекордот на Вирџил ван Дајк, кој е најскап дефанзивец откако Ливерпул
одвои 75 милиони фунти.

Манчестер
јунајтед сега треба да одлучи каков ќе биде следниот чекор, а лидерите на
клубот имаат поддршка од Сер Алекс Фергусон. Според пишувањата на МЕН, Шкотот
посакува да биде ангажиран Хари Мегваер, и верува дека „ѓаволите“ треба да
сторат се што можат за да го донесат 26 годишниот Англичанец.

Легендата на
клубот исто така се чудел зошто порано не било тргнато по потписот на
централниот дефанзивец.

Оваа недела веќе се
појавија стории за тоа дека Сер Алекс Фергусон му предвидел белескава кариера
на Хари Мегваер. Ферги бил на трибините кога дефанзивецот во 2011 во дресот на
Шефилд јунајтед играл на Олд Трафорд против Манчестер јунајтед во финалето на
младинското финале во ФА Купот.

Хари Мегваер поради потрес
на мозокот морал еден ден да помина во болница во Манчестер, а „Ѓаволите“ му
испратиле потпишан дрес од првиот тим како и желба за брзо опоравување. Неколку
дена подоцна тој добил телефонски повик токму од големиот Сер Алекс. Ферги
се јавил за да провери дали е се во ред со дефанзивецот, но и да му порача дека
еден ден ќе игра на највиско ниво доколку продолжи да работи напорно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×