Наполи влезе во
трката за потписот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, откако
белгискиот напаѓач кој подолг период беше поврзуван со трансфер во Интер, клуб
за кого има големи симпатии.
Интер од поодамна
под будно око ја следи ситуацијата со Лукаку на „Олд Трафорд“, меѓутоа тимот од
Милано никако да се договори со Премиерлигашот, дополнително, самиот Белгиец
јасно посочи дека посакува да игра под кормилото на Антонио Конте, инаку новиот
тренер на Нероаѕурите.
Како и да е,
Интер не успеа да пронајде заеднички јазик со Манчестер јунајтед, барем засега,
Премиерлигашот бара околу 75 милиони евра за Белгиецот, а тоа воедно ја отвори
вратата за Наполи кој според информациите кои ги објави „Радио Марте“ веќе
влегол во трката за 26 годишниот фудбалер.
Според
информациите, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веќе стапил во
контакт со агентот на напаѓачот и дискутирале околу потенцијалниот трансфер на
Лукаку во редовите на Калчолигашот.