Според последните
информации кои пристигнуваат од Италија, поточно од „Кориере дело Спорт“, се
вели дека Рома веќе ја подготвила првата понуда за напаѓачот Гонзало Игуаин кој
има важечки договор со Јувентус.
„Кориере дело
Спорт“ пишува дека Римската волчица е подготвена на Јувентус да му понуди 9
милиони евра за позајмица на Аргентинецот, а дополнително да имаат и опција за
целосно да го откупат неговиот договор во висина од 27 милиони евра.
Се вели дека
проблемот кај Рома се појавува во однос на платата на Игуаин, која изнесува
околу 9 милиони евра од сезона, 31 годишниот напаѓач има договор со Јувентус со
важност до 2021. година, а според финансиските услови во истиот, веројатно
Аргентинецот не е толку загрижен околу својата иднина.