Шчесни и Кјелини со убави гестови но Џиџи е голем човек: Се вратив во Јувентус за да давам а не да земам

by
2 минути читање

Легендарниот голман реши одново да го облече дресот на „Старата дама“ и да одигра уште една сезона. Џиџи Буфон утрово пристигна во Торино на лекарски прегледи а попладнето стави потпис на договорот.

Вечерва тој откри дека Војчех Шчесни и Џорџо Кјелини имале убави гестови, Полјакот му го понудил дресот со број 1 додека пак неговиот сонародник капитенската лента. Сепак, Џиџи Буфон уште еднаш покажа дека е голем човек и ги одбил.

„Шчесни сакаше да ми го даде дресот со број 1, а Кјелини капитенската лента. Сакам да им се заблагодарам, но јас не се вратив во Јувентус за да земам туку да давам. Размислував, и ќе го одберам дресот со број 77 кој го носев во Парма и ме донесе тука во Јувентус“ – рече Италијанецот на промотивен настан во продавницата на Јувентус во Милано.

Се шпекулира дека во договорот на Џиџи Буфон има клаузула со која му се гарантираат минимум осум натпревари во Серија А за да го собори рекордот на Паоло Малдини.

„Целта е да бидам подготвен за настап и да истрчам доколку сум му потребен на тимот. Не сум тука за да гледам колку минути сум одиграл. Во Јувентус има хиерархија и прв голман во Шчесни.“



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани