Веќе поранешната
ѕвезда на Баерн Минхен и Челси, Архен Робен се повлекува од професионалното
играње фудбал, Холанѓанецот тоа го стори на 35 годишна возраст.
Поранешниот
холандски репрезентативец, чиј договор со Баерн Минхен истече минатиот месец,
имаше големи проблеми со повреди во текот на ланската сезона, а повеќе нема
дилеми во неговата конечна одлука која тој јавно ја соопшти.
„Време е за нова страница, едвај чекам целосно да се посветам на моето семејство, да поминам повеќе време со мојата сопруга, моите деца, да уживам во убавината на животот кој е пред нас. Дефинитивно се повлекувам, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство за несебичната и целосна поддршка, разбирање и љубов…“ рече тој.
Робен освен Баерн
Минхен, го носеше дресот и на Реал Мадрид и ПСЖ, својата кариера ја започна во
Гронингем пред 19 години, освои трофеј во секој клуб каде што настапуваше,
вклучувајќи осум титули во Бундеслигата со Баерн Минхен, титула со Реал Мадрид
во 2007. година, како и титулите во Премиерлигата со Челси во 2005. односно
2006. година.
Холанѓанецот исто
така го подигна и победничкиот пехар во Лигата на шампионите со Баерн Минхен во
2013. година. Робен забележа 96 настапи за националниот тим на Холандија, а
најголемиот успех со таа селекција му беше полуфинале на Светското првенство во
2010. година, кога „Лалињата“ беа сопрени од Шпанија во финалето од турнирот
кој се одигра во Јужна Африка.