Официјално: Ерера позираше во дресот на ПСЖ

by
2 минути читање

Андер Ерера како
слободен играч на трансфер пазарот ги засили редовите на францускиот првак ПСЖ,
а 29 годишниот фудбалер стави потпис на петгодишен договор со тимот од Париз
кој официјално денес го промовираше во засилување за своите редови.

Шпанецот мина пет
години во редовите на Манчестер јунајтед, ги освои ФА Купот, ЕФЛ Купот, а го
подигна трофејот и во Лига Европа
, беше миленик на фановите на Премиерлигашот кој тешко се помирија со фактот дека си заминува.

Ерера потврдувајќи го своето заминување од Манчестер, истакна дека му е жал
поради тоа, додаде дека е благодарен за поддршката сиве овие години, што се
однесува пак во однос на промоцијата во ПСЖ, тој вели дека францускиот клубима
убава приказна зад себе и силно посакувал да се пресели во Париз.

ПСЖ е
најголемиот клуб во Франција, тој продолжува со својот развој, работи на тоа да
ја освои секоја можна титула, навистина сакав да одам во Париз и да ги облечам
тие бои на мене, клубот има убава приказна зад себе и би сакал јас да испишам
нови страници во истата
“ рече Ерера кој вети три работи во својот престој во
ПСЖ, работа, професионализам и пасија, додавајќи дека ќе го подобри знаењето на
говорење на францускиот јазик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани