Марсело побарал да си замине, четири клуба под будно око ја следат ситуацијата со Бразилецот

by
1 минути читање

„Спорт“ пишува
дека бекот на Реал Мадрид, Марсело веќе има понуди на маса и побарал од клубот
да му биде дозволено да си замине, истиот медиум додава дека Арсенал, Јувентус,
ПСЖ и Милан ја мониторираат ситуацијата околу Бразилецот.

Наводно идејата
на 31 годишниот фудбалер е да потпише долгогодишен договор со новиот клуб, а
посакува кариерата да ја заврши во Европа, неговите претставници веќе се на
преговарачка маса со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино перез за да најдат
заеднички јазик што е можно побрзо.

Марсело често
добиваше големи критики на своја адреса за формата која ја имаше изминатата
сезона која беше рамна на катастрофална за Кралевите, тој дури и го загуби
првотимскиот статус во тимот од младиот Серхио Регилон под кормилото на Солари.

Како и да е,
Марсело повеќе не верува дека има загарантирано место во тимот повеќе по
доаѓањето на Менди од Лион, па така веќе побарал од клубот сериозно да бидат
разгледани понудите за неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани