По една година помината во ПСЖ, Џиџи Буфон му се врати на Јувентус каде што треба и да ја заврши кариерата.
„По една година надвор од Торино, Џанлуиџи Буфон се врати во Јувентус откако потпиша едногодишен договор со трајност до 30 јуни 2020“, стои во соопштението на клубот.
„Беше 19 мај 2018. Тоа беше ден кога имаше солзи во сите очи, кога Џиџи му рече збогум на Јувентус. Беше опростување од некој кој беше повеќе од капитен, легенда, симбол на клубот“.
„Веројатно секој од нас се надеваше, и на крајот знаеше дека тоа што не обединувало толку многу години не можеше да се скрши. И тоа се случи“.
„По една година во ПСЖ, каде имаше 73,5% на одбранети удари и победи на 13 од 17 натпревари во Лига 1 и ги освои француското првенство и Супер Купот, Џиџи официјално се врати во Јувентус“.
„Буфон се врати дома“, стои во соопштението на Јувентус.
Се очекува Буфон да се пензионира по истекот на договорот и да добие функција во Јувентус.