Примера вчера потврди дека претставници на Сити ја платиле откупната клаузула за Родри, а денеска тој го потпиша договорот со англискиот клуб.
Родри стави потпис на петгодишен договор со Манчестер Сити.
„Тоа што го постигна Сити во изминатите две години беше неверојатно, среќен сум што сум дел од овој талентиран состав. Не се работи само за трофеите, туку начинот на игра со кој е дојдено до нив. Напаѓачки фудбал цело време. Стилот на игра и амбициите на клубот ме возбудуваат. Не можам да дочекам да почнам со работа со Пеп Гвардиола и моите нови соиграчи“, вели Родри.
И Виљареал ќе добие пари од трансферот на Родри, седум милиони евра треба да се слеат во нивната каса бидејќи во договорот со Атлетико Мадрид имаат клаузула според која треба да добијат 10% од неговиот следен трансфер.