Јоао Феликс е нов фудбалер на Атлетико, Бенфика доби рекордни 126 милиони евра а Порто само трошки

by
1 минути читање

Рекордниот
трансфер беше најавен уште минатата недела кога Бенфика ја извести берзата дека
добила понуда од Атлетико. Откако беа комплетирани сите формалности, двата
клуба вечерва официјално го потврдија трансферот.

„Колчонероси“
само пренесоа дека Жоао Феликс ставил потпис на седумгодишен договор а деталите
од зделката беа обелоденети од Бенфика.

Атлетико сега ќе искешира 30 милиони евра, а останатите 96 милиони евра ќе бидат платени на рати. Клубот
од Мадрид исто така превзема обврска да одвои и средства за солидарни исплати
од околу 1,2 милиони евра кои треба да завршат на сметка на Порто.

Жоао Феликс
помина шест години во академијата на Порто, дури бил и капитен на еден од
младинските тимови, но на „Драгао“ некој пресекол дека момчето нема иднина па
му дозволиле да замине кога имал 14 години. Како сега се чувствува „големиот
стручњак“ што донел одлука, само тој си знае.

Бенфика исто така
додаде дека од сумата која им следува (126 милиони евра), 12 милиони ќе завршат на сметка на посредникот
кој го овозможил трансферот (агентот Жорж Мендеш).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани