Манчестер
јунајтед поради Пол Погба пропушти голема можност својот состав да го освежи со
одлично засилување во младиот Тангју Ндомбеле, кој на крајот заврши во редовите
на Тотнем и тоа за сума од 65 милиони фунти.
„Дејли Меил“
пишува дека Манчестер јунајтед побарал повеќе време од претставниците на
фудбалерот за да го реализира трансферот, а причината за таквото барање на
тимот од „Олд Трафорд“ била со цел да се реши прашањето околу иднината на
Погба.
Според пишувањата
на „Л’Екип“ пак, се вели дека
кога Ндомбеле пристигнал во Лондон со своите претставници, тој се уште немал
дефинитивно одлучено дали да потпише за екипата на Тотнем.
Сагата околу
Погба трае веќе подолг период, извесно е дека неговиот прв избор е Реал Мадрид,
односно, да игра под кормилото на неговиот сонародник Зинедин Зидан, опција е
секако и враќање во Јувентус.
Токму Јувентус
исто како и Манчестер јунајтед бил близу до потписот на Ндомбеле, но
италијанскиот првак исто како и Премиерлигашот побарал повеќе време за тој
трансфер, што му овозможило празен простор за дејствување на Тотнем кој ја
искористи дадената прилика да потпише со еден од најбараните фудбалери на
европскиот трансфер пазар.