Арсенал тргнува по Фекир, но, најпрво сака да се ослободи од еден „голем трошок“ во составот

by
1 минути читање

Арсенал според
информациите кои пристигнуваат стапил во контакт со несуденото засилување за
Ливерпул, членот на Лион, Набил Фекир, околу потенцијален трансфер на
Французинот во Премиерлигата ова лето.

Фекир беше со
една нога на Островот ланското лето, пред неговата преселба во Ливерпул вредна
53 милиони фунти целосно да пропадне откако се појави одредена загриженост во
Премиерлигашот околу неговиот здравствен статус.

„ЛЕкип“ пишува дека Топчиите сериозно
размислуваат околу тоа дали да повлечат сериозен чекор напред за да го
обезбедат потписот на Французинот, меѓутоа во Арсенал истовремено посакуваат да
се ослободат од еден голем трошок во својот состав, Месут Озил, за финансиски
да бидат подготвени.

Озил има неделна
плата од 350,000 фунти, а шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот од Лондон,
Унаи Емери наводно го нема Германецот во своите планови за идната сезона, па
веднаш сака да се ослободи од него и да го продаде, за клубот да може да донесе
засилувања во својот состав од неговата евентуална продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани