911
„Граѓаните“ му ја
остварија желбата на Пеп Гвардиола. Стратегот побара дефанзивец од средниот ред
кој ќе треба да го одмори Фернандињо и да го наследи Бразилецот во стартниот
тим во иднина.
Попладнево Атлетико
Мадрид соопшти дека Манчестер Сити ја октивирал откупната клаузула на Родри.
Делегација на шампионот на Англија и агентите на играчот во канцелариите на Ла
Лига доставиле чек од 70 милиони евра.
Па Шпанецот ќе
стане најскапо засилување во историјата на Манчестер Сити и ќе го собори
рекордот на Ријад Марез од минатото лето. Алжирецот беше платен 60 милиони
фунти, а Родри сега е нешто под 63 милиони фунти.