Пол Погба е
последното делче од сложувалката на Зинедин Зидан, но зделката воопшто не е
лесна. Манчестер јунајтед за Французинот бара помеѓу 150 и 170 милиони евра, а
сериозен интерес за играчот пројавува и Јувентус.
Од Шпанија сега
пристигна вест дека „кралевите“ ја добиле битката. Новинарот Едуардо Инда вели
дека Реал следната недела официјално ќе го потврди трансферот.
„Преговорите се
во напредна фаза. Флорентино Перез на Манчестер јунајтед му понуди 80 милиони
евра плус услугите на Герет Бејл, кој се проценува на 90 милиони евра.
Вредноста на трансферот ќе изнесува 170 милиони евра“ – вели Инда.
Тој исто така додава дека Пол Погба е далеку од трансфер во Јувентус, и всушност Мино Рајола е тој кој ги шири ваквите гласини за да го натера Реал Мадрид што поскоро да го купи играчот и да му даде што е можно поголема плата.