Манчестер јунајтед не се откажува, доставен нов подобар предлог до Де Хеа за продолжување на договорот

by
1 минути читање

Голманот веќе
одби неколку понуди за продолжување на престојот на Олд Трафорд и ги одработува
последните 12 месеци. Но Манчестер јунајтед не се откажува, нема намера да го
продаде ова лето и верува дека може да пронајде заеднички јазик со Давид де Хеа
за нов договор.

Голем број на
извори попладнево пренесоа дека „ѓаволите“ доставиле нов побогат предлот до
Шпанецот. Извештаите сепак се различни за тоа колкава е сумата која голманот ја има на маса.
Според едни извори, се работи за пет годишен договор вреден 350.000 фунти
неделно или вкупно 91 милион фунти.

Според други
извори, Давид де Хеа веќе одбил пет годишен договор вреден 350.00 фунти и
новиот предлог е побогат од овој, но не споменува конретна бројка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани