Интер си игра мајтап со Манчестер јунајтед, втората понуда за Лукаку им е иста како првата, но на различен начин

by
1 минути читање

Интер испрати нова понуда до Манчестер јунајтед за Лукаку, овој пат понуди 20 милиони евра за двегодишна позајмица со обврска за откуп за дополнителни 50 милиони евра во 2021 година.

Оваа понуда е многу слична на првата, во која понудија 10 милиони евра за двегодишна позајмица со обврска за откуп за дополнителни 60 милиони евра во 2021 година.

На Манчестер јунајтед не му смени ништо тоа што тие 10 милиони евра ги поместија од сумата за откуп во сумата за позајмица.

Ставот на Манчестер јунајтед е дека не прифаќа ниту позајмица ниту одложено плаќање, ја сака целата сума веднаш.

Интер нема намера да плати одма 70 милиони евра, ќе чека Манчестер јунајтед да се предомисли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани