316
Тангју Ндомбеле и
официјално е нов член на Тотнем откако Премиерлигашот и финалист во Лигата на
шампионите од ланската сезона го потврди трансферот на младиот фудбалер за
врска од францускиот прволигаш Лион.
Вистинска „бркотница“
по потписот на 22 годишниот фудбалер владееше во фудбалска Европа, меѓутоа
тимот од Лондон ја доби големата битка со тоа што издвои 60 милиони евра како
обештетување до Лион, како и дополнително 10 милиони евра во бонуси.
Со тие 70 милиони
евра Тотнем го сруши клупскиот рекорд на трансфери по оние 40 милиони евра
вложени во трансферот на Давинсон Санчез од Ајакс пред две години.
class="twitter-tweet" data-lang="en">