Францускиот
весник „Ле Парисиен“ тврди дека англискиот клуб Лидс во чии редови настапува
нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски, е на неколку седмици, можеби и месеци до
нов сопственик.
Се вели дека претставници на „Катар Спортс Инвестментс“ веќе се во завршни преговори со
челниците на англискиот Чемпионшиплигаш за преземање на клубот, со што истиот
би станал мошне близок до францускиот првак ПСЖ кој е под капата на Ал-Келаифи.
Првиот човек на
ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е длабоко инволвиран во преговорите помеѓу обете страни,
извори за „Ле Парисиен“ кои се близу до информациите одвнатре во преговорите,
тврдат дека Ал-Келаифи е мошне близу до преземање на тимот од „Еланд Роуд“.
Тимот на Марсело
Биелса мошне внимателно бил „скениран“ од заинтересираната страна изминативе две години, која согледала голема перспектива во евентуалното влегување во англискиот фудбалски пазар, а се верува дека таа инвестиција нема да биде ефтина доколку се споредат почетните инвестиции во ПСЖ од 2011. година кои изнесуваа 79 милиони евра.
Лидс беше близу
до остварување на своите неколкугодишни амбиции за да се врати во елитната
англиска Премиерлига изминатата сезона, меѓутоа беше сопрен од Дерби на Френк
Лампард во полуфиналето од плејофот во Чемпионшиплигата.
Неуспехот на тоа
поле воопшто не ги предомислила челниците на „КСИ“ и тие наводно се веќе во
завршни преговори со првиот човек на Лидс, Андреа Радризани, а планот е освен
враќање во Премиерлигата, Лидс да се бори дури и за влез во Лигата на
шампионите.