По три години Рафаел Бенитез си замина од Њукасл, двете страни не се договорија за продолжување на соработката.
Фановите го сакаа шпанскиот стратег, тој сакал да остане, но како што вели неговата визија не била иста со таа на сопственицте на клубот.
„Од освојувањето на Чемпионшип, до двете сезони во Премиерлигата, фановите, стручниот штаб и фудбалерите, сите бевме обединети. Сакав да останам, но не сакав само да потпишам продолжување на договорот. Сакав да бидам дел од проект. За жал, стана ми стана кристално јасно дека оние на врвот во клубот не ја делат истата визија“, Бенитез пишува во своето излагање.
To Newcastle United fans https://t.co/5gu4eopVjf #NUFC #Newcastle #Toons #ThankYou pic.twitter.com/vLnmVSBGs2
— Rafa Benitez Web (@rafabenitezweb) July 1, 2019