110
Чех од ова лето се вработи во Челси како технички и перформанс советник во клубот, па е еден од оние кои можат да кажат за актуелната состојба со изборот на нов тренер.
Лампард е фаворит број еден за наследник на Сари, извори за „Скај Спортс“ тврдат дека Челси го известил Дерби дека се подготвени да платат 4 милиони фунти обесштетување за Френк, колку што изнесува и неговата клаузула.
Но Чех вели дека Лампард не е единствениот кандидат.
„Клубот идентификуваше неколку кандидати и ситуацијата е отворена. Френк е еден од нив. Пред да почнат подготовките сакаме да го решиме прашањето за нов тренер“, вели Чех.