Барселона изминативе денови направи неколку трансфери за да прибере средства и да го подобри балансот пред истекот на финансиската година (30. јуни).
Го продаде Андре Гомеш на Евертон за 25 милиони евра плус бонуси, Јаспер Силесен заврши во Валенсија за 35 милиони евра, младиот Марк Кардона се пресели во Осасуна за 2,5 милиони евра а Кукуреља во Еибар за 2 милиони евра.
Во 5 до 12, касата е наполнета со нови 13 милиони евра. Вечерва пристигна информација дека Денис Суарез е продаден на Селта за 12,9 милиони евра, плус 3,1 милион во бонуси.
Од утре уште четворица играчи повеќе нема да бидат дел од тимот, но тие нема да донесат пари, едноставно ќе ја намалат сметката за плата. Се работи за Томас Вермален, Даглас, Кевин Принц Боатенг и Муриљо. На првите двајца им истекува договорот, а вторите двајца им завршува позајмицата на Камп Ноу.