79
Арон Ван Бисака од денеска и официјално е фудбалер на Манчестер јунајтед, тој потпиша петгодишен договор за неделна плата повеќе од 80.000 фунти неделно.
Манчестер јунајтед за неговите услуги плати 45 милиони фунти, плус пет во бонуси поврзани со бројот на настапи, со тоа Ван Бисака станува еден од најскапите дефанзивци во светот.
„Чувството е неверојатно, за мене е голема чест што можам да кажам дека сум фудбалер на Манчестер јунајтед, само мал број на фудбалери ја имаат привилегијата да го кажат тоа“, вели Ван Бисака.
„Сега ќе имам мал одмор по настапот на младинското Европско првенство, а потоа со нетрпение чекам да се приклучам на подготвителната турнеја со моите нови соиграчи“.