Одлуката
мундијалот во 2022 да му се додели на Катар беше прилично изненадувачка, и за
многу кратко време почнаа да се шират гласини за нечесни игри при доделувањето
на организацијата.
Неколку угледни
весници направија истражување и објавија дека СП 2022 било „купено“ а за ова
помогнале тогашниот претседател на Франција, Никола Саркози и тогашниот прв
човек на УЕФА, Мишел Платини.
Во Франција беше
отворена истрага за корупција, а како дел од процесот, денеска е приведен токму
Мишел Платини. Поранешниот прв човек на европската куќа на фудбалот утрово бил
на распит во Париз и обвинителството решило да го смести зад решетки.
На разговор бил и
поранешниот близок соработник на Никола Саркози, Клод Геан но тој во моментов е
на слобода.