Куртоа демантира: Преводот беше лош, не споменав такво нешто

by
1 минути читање

Голманот на Реал
Мадрид, Тибо Куртоа се дистанцираше себе си од пренесените коментари низ
шпанските медиуми во однос на неговите очекувања за тоа како би го пречекале
фановите на Атлетико Мадрид претстојниот викенд во градското дерби.

Дел од шпанските
медиуми пренесоа дека голманот на Реал Мадрид во изјава за белгиски Њус Блед
рекол дека очекува фановите на Атлетико Мадрид да фрлаат разни предмети кон
него на дербито, но, Куртоа вели дека не изјавил такво нешто.

Преводот беше лош
посочи Куртоа.

Ова ќе биде
посебен меч за мене бидејќи пристигнав во тој клуб кога бев само тинејџер

додаде тој.

„Очеувам да
фрлаат разни предмети кон мене во текот на целиот меч, тоа е дел од фудбалот а
ми се случуваше и во Белгија исто така, но, засега оваа сезона само една особа фрлаше
предмети кон мене, и тоа на бензиска станица, извикувајќи навивачки песни за
Атлетико, ќе искористам разни начини за екстра мотивација“ беше изјавата на
Куртоа пренесена низ шпанските медиуми, за која Белгиецот тврди дека лошо било
преведена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани