Младиот Ноури по една година се разбуди од кома!

by
1 минути читање

За време на натпреварот против Вердером во Австрија, Ноури се сруши на земјата и со хеликоптер беше пренесен во болница во Инсбрук.

Колабрирал поради срцева аритмија, а утврдено е дека претрпел сериозно и трајно оштетување на мозокот. Прогнозите велат дека нема да може никогаш целосно да се опорави, па неговата кариера е завршена.

По големиот инцидент, илијадници фанови на Ајакс се собраа пред неговиот дом да изразат поддршка за младиот играч.

Но денес конечно една убава вест за Ноури и неговата фамилија. Младиот фудбалер по една година во кома се разбудил, ги препознал своите најблиски и комуницирал со нив со помош на гестикулации.

Според неговиот брат потврди дека Абделхак е во подобра ситуација, но се уште не може да го движи телото. Сепак го извадиле од кревет и го седнале на количка и почнале да комуницираат со него.

Тие се надеваат дека неговата состојба ќе се бодобрува иако прогнозите никогаш не биле оптимистички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×