Капитенот на Кристал Палас открива што му кажал Мохамед Салах за контроверзниот пенал

by
1 минути читање

„Црвените“ со три бода си заминаа од Селхрст Парк и покрај тоа што не одиграа на високо ниво. Резултатот беше отворен кон финишот на првиот дел кога Мамаду Сако неспретно реагираше а судијата Мајкл Оливер покажа на белата точка.

Многумина сметаат дека немало доволно контакт за најстрoга казна и Египјанецот го одглумил пеналот. Ваков став има и капитенот на Кристал Палас, Лука Миливојевиќ.

„Мислам дека немаше пенал. Такво беше моето мислење на теренот, а не се промени ниту откако ги видов повторените снимки. Мама (Сако) се обиде да ја избие топката, не ја удри топката, но немаше ниту контакт со противникот“ – вели Србинот.

„Салах падна и судијата покажа на белата точка. Јас не видов контакт и според мене е прилично јасно, немаше пенал. Но судијата сметаше дека има пенал, Оливер е еден од најдобрите арбитри во Англија, но и тој е само човек“.

„Разговарав со Салах и побарав од него да му каже на судијата дека немало пенал. Но тој ми кажа дека имало, од негова гледна точка имало пенал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×