Реал и Атлетико Мадрид во трка за играч на Челси

by
1 минути читање

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид имаат иста цел, станува збор за бекот на Челси, Маркос Алонсо.

Алонсо е значаен дел од тимот на Челси, но според шпанските медиуми тој би можел да биде купен за 30 милиони евра.

Тешко е за верување дека Челси ќе го даде за таа сума од повеќе причини. Прво затоа што преодниот рок во Англија е затворен и тие не можат да донесат замена, а второ Алонсо минатата сезона беше најдобар дефанзивец во Премиерлигата, па неговата цена на пазарот сигурно ќе биде многу повисока од 30 милиони евра.

Атлетико Мадрид го сака Алонсо како замена за Филипе Луис кој се поврзува со трансфер во ПСЖ за 25 милиони евра.

А Лопетеги го сака Алонсо во Реал Мадрид само како алтернатива за Марсело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×