„Специјалниот“ ова лето доби само едно големо засилување и покрај тоа што побара уште неколку имиња. Жозе Мурињо бараше нов дефанзивец и нов офанзивен фудбалер, долго време веруваше дека некој ќе пристигне на Олд Трафорд во последните денови од преодниот рок, но не се реализираше ниту една зделка.
Проблемите со одбраната беа очигледни изминатиов викенд кога Брајтон втора сезона по ред ги фрли „Ѓаволите“ на колена.
Гери Невил смета дека со ваква дефанзива Манчестер јунајтед не може да стане шампион и ја нападна управата на клубот, односно извршниот потпретседател, Ед Вудворд.
„Пред дуелот со Лестер, Ед Вудворд имаше брифинг со новинарите и објаснуваше зошто не донеле засилувања, ја поткопа работата на Жозе и Мурињо го знае ова“ – вели дефанзивецот.
„Ако Ед Вудворд се сомневаше во работата на Жозе Мурињо, тоа требаше да го прави во јануари, кога му даде нов договор. Чим му го продолжи договорот на Жозе, иако многумина веруваа дека нема потреба за тоа, мораше да му даде поддршка до крај и да му донесе нови централни дефанзивци“.
„Немојоте да ме разберете погрешно, клубот веќе му даде многу пари на Мурињо, но не може да застанете на полoвина пат. Не може да изградите само три четвртини од куќата. Мората да одите до самиот крај и да ја завршите работата“.
„Мораше да ги донесе Хари Мегвајер и Тоби Алдерверелд бидејќи тие немаше да ги направат грешките кои се случија против Брајтон. Според мене, Мегвајер и Алдерверелд се навистина добри опции. Без разлика дали тие ќе чинат 120 милиони фунти, морате да ја платите оваа сума за да му дадете поддршка на Жозе Мурињо“.
„Со оваа последна линија, Манчестер јунајтед не може да стане шампион“.