149
Мохамед Салах иако не постигна гол, сите главни случувања се вртеа околу него.
Најпрво не искористи една голема шанса во 23. минута кога очи во очи со голманот на Кристал Палас го префрли голот.
Но во самиот финиш од првиот дел Салах беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот, судијата покажа пенал, а сигурен од белата точка беше Милнер за водство на Ливерпул од 1-0.
Во 75. минута Салах повторно излезе сам пред голманот на Ливерпул, овој пат беше фаулиран од Бисака кој доби црвен картон и домаќинот остана со играч помалку.
Течеше судиското продолжение од мечот кога Салах го проигра Мане а тој по една соло акција постигна гол за конечни 2-0.