167
„Црвените“
стигнаа до три бода на незгодното гостување на Селхрст Парк, Кристал Палас
пружи силен отпор но нијанси го решија победникот.
Откако домаќините
ја погодија пречката на средината од првото полувреме, една неспретна реакција
на Сако пред финишот на првиот дел придонесе Оливер да покаже на белата точка а
Милнер прецизно да бие од 11 метри за водство на Ливерпул од 0-1.
Гостите во
продолжението од мечот не му дозволуваа на противникот поопасно да се закани, а
работата дополнително им беше олесната кога Ван Бисака заработи црвен картон на
15 минути до крајот.
Длабоко во
судиското надополнуање Мане ја потврди победата по една брза контра.