218
Името на Иван
Ракитиќ ова лето во неколку наврати беше поврзувано со ПСЖ, а денеска одново се
појавија гласини дека „Светците“ до крајот на преодниот рок ќе се обидат да го
донесат фудбалерот од средниот ред во своите редови.
Но Барселона не
помислува да се раздели со Хрватот и „Каталонците“ ги известиле „Светците“ дека
можат да дојдат до потписот на играчот само доколу ја активираат откупната
клаузула во неговиот договор која изнесува 125 милиони евра.
ПСЖ е под лупа на УЕФА, европската куќа на фудбалот детално ги прегледува сметките на клубот од Париз, кој не може да си дозволи
еден ваков трансфер и најпрво ќе треба да продаде неколку играчи за да прибере
средства.