Фановите на Манчестер јунајтед гневни, Санчез приморан да избрише објава на социјалните мрежи

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед тргна лошо во новата сезона од Премиерлигата, на стартот едвај до
победа од 2-1 на домашен терен против Лестер, но, во второто коло шокирачки
пораз кај Брајтон со 3-2, Жозе Мурињо се соочи со низа критики, но исто и
Алексис Санчез.

Ѕвездата на
Црвените ѓаволи поради повреда не беше во комбинација за настап против Брајтон поради повреда,
Мурињо нагласи дека очекува најмногу две седмици рехабилитација на напаѓачот
чија активност на социјалните мрежи им засмета на фановите на клубот.

Санчез  во екот на големо разочарување кај фановите поради резултатите на тимот, на социјалните мрежи објави видео рекламирајќи облека,
но, по реакциите на фановите, кои критикуваа и нагласија дека тајмингот за тоа не е
погоден, беше приморан истото да го повлече.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×