Ултрасите на Лацио: Првите редови се доживувале како ровови, таму нема место за жени, сопруги и девојки

by
1 минути читање

Првиот меч на
отворањето на новата сезона за Лацио во Серија А почна со еден интересен детал
од трибинскиот простор на Олимпико во Рим каде се сместени хардкор навивачите
на тој клуб, тие имаа посебно барање до приврзаниците на клубот.

Нашата трибина
претставува свето место за нас, постојат непишани правила кои треба да се
почитуваат, првите неколку реда секогаш се доживувале како ровови. Во рововите
не дозволуваме жени, сопруги и девојки, тие можат да бидат присутни над
десеттиот ред. Сите кои го одбрале стадионот како алтернатива за романтична
прошетка можат да одат на другите триби ни на Олимпико
“ пишуваше во нивното
соопштение.

Флаерот кои
ултрасите на Лацио го поставија на арената во Рим за средбата со Наполи во
поразот од 1-2 на Олимпико, го споделија многу фанови на калчолигашот на
социјалните мрежи.

Од куќата на
фудбалот на Италија, „гетонизацијата“, како што ја нарече Роберто Фабричини, од
група луѓе, според него било глупаво, првиот човек на италијанскиот фудбал
додаде дека сево ова го гледа како една летна шега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×