Минатата недела
медиумите од Шпанија објавија дека Реал Мадрид го пријавил Интер кај ФИФА и покрај
тоа што односот помеѓу двата клуба е одличен. Флорентино Перез бил бесен поради
тоа што „Нероаѕурите“ зад неговиот грб се договориле со Лука Модриќ.
Вчера беше
објавено дека светската куќа на фудбалот веднаш започнала истрага и стапила во
контакт со самиот играч. „Дон Балон“ пренесе дека спротивно на тврдењеата на
Флорентино Перез, Лука Модриќ го бранел Интер и изјавил дека тој самиот, преку
неговиот агент, остварил контакт со „Нероаѕурите“ бидејќи сакал да игра покрај
сонародниците Перишиќ, Брозовиќ и Врсаљко.
Хрватот јавно нема говорено за тоа што се случуваше летово и шпекулациите за негов
трансфер на Џузепе Меаца, а не се огласи ниту по последните гласини. Сепак тој имаше коментар на социјалните мрежи и под една вест за тоа дека
самиот му се понудил на Интер, напиша: „Ова е најголемата глупост во
историјата!!!“