Кариус заминува во Турција на позајмица?

by
1 минути читање

Алисон Бекер е веќе прв
избор на голот на Ливерпул и нема дилеми дека така ќе остане, тоа значи дека
Лорис Кариус е на излезна врата од клубот, а веќе се шпекулира за неговите
опции.

Се шпекулира дека
25 годишниот германски голман ќе се приклучи на редовите на Бешикташ како
позајмен фудбалер.

Очекувањата се
Кариус да се пресели во Истанбул со двегодишна позајмица, со што би се
одработиле и неговите последни 12 месеци од договорот со Ливерпул кој е во
важност до 2020 година.

Одредени медиуми веќе објавија дека паднал договор помеѓу Бешикташ и Ливерпул, па останува да сочекаме на официјализација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×