Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ли Шарп очекува Жозе Мурињо до Божиќ да биде отпуштен бидејќи со актуелното негово однесување само ќе си создаде поголем број на непријатели и незадоволни луѓе.
„Очекувам Мурињо да добие отказ до Божиж. Доколку продолжи со оваа негово плачење и жалење тогаш луѓето ќе му го свртат грбот и ќе речат со ова однесување нема да стигнеме до врвот, потребна ни е промена“, вели Шарп.
„Мурињо е истиот. И покрај тоа што медиумите и фановите го истакнуваат неговиот негативен однос во изминатите неколку сезони и неговото жалење за играчи, се чини дека тој ги игнорира сите и си продолжува вообичаено. Тоа се рефлектира во перформансите на тимот. Неговиот негативен став е причина за тоа“.
„Според начинот на кој работи мислам дека не го вади најдоброто од неговите фудбалери. Тимот има неверојатен потенцијал во нападот, но не мислам дека играат доволно брзо, дека доволно брзо ја движат топката. Има толку опции во нападот и навистина е штета што игра на начинот на кој игра“.