477
Манчестер јунајтед одигра очаен меч на гостувањето кај Брајтон и доживеа непланиран пораз.
„Изгубивме, не заслуживме да победиме. Пристапот не беше како да сакавме да ги победиме, тие беа погладни за триумф од нас“, вели Погба по мечот.
„Прво ќе покажам кон себе, моето однесување на теренот не беше вистинското, ова ќе биде голема лекција за нас“.
„Направивме грешки какви што не требаше да направиме. Имавме негатива од 1-0, и во ред, потоа 2-0, па 2-1 и тогаш се надевате дека ќе дадете нов гол, но примивме гол. Тоа беше удар за нас. Беше многу разочарувачко, се обидовме да се вратиме но не успеавме“.