Интер никако да го најде лекот за Сасуоло, „црно-зелените“ одново го зедоа скалпот на фаворитот (ВИДОЕ)

by
1 минути читање

Сасуоло го
приреди изненадувањето во првото коло од новата сезона во Серија А. Популарните
„нероверди“ повторно го фрлија Интер на колена и ја забележаа четвртата победа
во низа над „нероаѕурите“ односно петта на последните шест меча.

Вечерва на „Мапеи
Стадионот“, Сасуоло триумфираше со минимални 1-0. Стрелец на едниствениот
погодок беше Берарди, напаѓачот прецизно биеше од белата точка во 27. минута од
мечот.

Претходно, Рома
со евроголот на Един Џеко стигна до триумф од 1-0 на гостувањето кај Торино.
Босанецот во завршните мигови фантастично закачи еден волеј и донесе три бода
за „Волчицата“.

На другите денешни
натпревари, Парма одигра 2-2 со Удинезе, Емполи со 2-0 го совлада Каљари а СПАЛ
со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Болоња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×