Челси и Арсенал играа отворен фудбал, и двете екипи имаа по неколку фантастични можности, а мрежите се тресеа дури пет пати.
Челси стартуваше фуриозно, поведе со гол на Педро уште во деветата минута, а веќе во 20. беше 2-0 кога Алваро Мората мајсторски реализираше.
Во тие моменти се чинеше дека Челси ќе го прегази Арсенал, но потоа следуваа минутите на гостите. Обамејанг и Мхитаријан пропуштија неверојатни шанси, но головите дојдоа.
Во 37. минута Мхитаријан не погреши по втор пат, овој пат од многу потешка позиција даде гол за 2-1, а само четири минути подоцна Ивоби реализираше за изедначување на 2-2.
Во вториот дел Челси тргна по победа, се играше повеќе пред голот на Чех, но и Арсенал повремено се закануваше.
Конечно во 81. минута по асистенција од Азар, Алонсо постигна гол за уште една радост на Стемфорд Бриџ и победа на Челси од 3-2.