Тотенхем го скрши отпорот на Фулам, победи забележаа и Евертон, Лестер и Борнмут (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По воведниот меч
за денеска кој заврши без голови помеѓу Кардиф и Њукасл, во редовниот термин од
16 часот се одиграа уште четири средби, во кои домаќините доминираа со три
победи, имаше и една гостинска.

Тотенхем со 3-1
беше подобар од старо-новиот Премиерлигаш Фулам кој немаше сили до изненадување
од таа средба.

Лукас Мура со
убав гол донесе водство за Тотенхем од 1-0 на две минути пред паузата, а по
само седум минути во второто полувреме Митровиќ израмни на 1-1, но тоа беше се

што гостинската екипа стори на
мечот.

Во продолжение
Трипие во 74. минута повторно ги врати домаќините во водство, овој пат од 2-1,
а три минути подоцна Кејн ги постави конечните 3-1 од мечот на Вембли арената
во Лондон.

 

Резултати:

Кардиф – Њукасл 0:0

Евертон –
Саутемптон
2:1 (Волкот 16,
Рикарлисон 31’ ; Ингс 54’)

Лестер –  Волверхемптон 2:0 (Доерти /автогол/ 29’, Мадисон 45’)

Вест Хем –
Борнмут 1
:2 (Арнаутовиќ 33
; Вилсон 60’, Кук 66’)

Тотенхем – Фулам 3:1

 

Од 18,30 часот
Челси на домашен терен го пречекува Арсенал во дербито на колото, а утре се
среќаваат Барнли – Ватфорд, Манчестер 
Сити – Хадерсфилд и Брајтон – 
Манчестер јунајтед. Второто коло се комплетира во понеделник со дуелот
помеѓу Кристал Палас и Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×