Според
информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите во Франција, се вели дека Анри
е прва опција за нов шеф на стручниот штаб на Бордо, и тоа на местото на Густаво Појет, откако уругвајскиот стратег продажбата на Гаетан Лаборде ја нарече срамен
потег.
Продажбата на Лаборде воопшто не беше во планот на клубот, од причина што веќе си замина првата ѕвезда на тимот Малком во Барселона, како и Диего Ролан
Појет најпрво доби суспензија а потоа и отказ по критиките кон раководството на клубот, а според информациите,
Анри веќе се распрашувал за амбициите на Бордо кој до крајот на идниот месец ќе
добие и нов сопственик во американски бизнисмен.
Неофицијално,
опции за Анри биле и Астон Вила, како и селекцијата на Египет.