Флорентино Перез ќе плати 300 милиони евра за Нејмар, но под еден услов

by
1 минути читање

„Кралевите“ се прилично
тивки и ова лето и покрај тоа што ја загубија првата ѕвезда Кристијано
Роналдо. Реал Мадрид се поврзуваше со неколку имиња, но Флорентино Перез се
уште нема повлечено потег.

Иако се чини дека
се помали се шансите шампионот на Европа да приреди трансфер бомба, трансфер
пазарот во Шпанија е отворен до 31. август па медиумите продолжуваат да
пишуваат за можен трансфер на Нејмар на Сантијаго Бернабеу.

Се говори дека
Реал Мадрид има 300 милиони евра за трошење и Флорентино Перез е подготвен сите
овие пари да ги инвестира во Бразилецот но само доколку УЕФА го казни ПСЖ и
„Светците“ бидат приморани да продаваат.

Европската куќа
на фудбалот ги прегледува сметките на ПСЖ под сомнеж дека се прекршени
правилата за Финансиски фер плеј. Иако во прв момент беше одлучено дека нема
ништо спорно, УЕФА го врати целиот случај на разгледување.

Се верува дека се
спорни неколку спонзорски договори, кои се далеку од пазарната вредност односно
два или три пати повеќе од она што другите тимови го добиваат.

Одлуката треба да
пристигне кон крајот на август, и доколку УЕФА реши да го казни ПСЖ, Флорентино
Перез со 300 милиони евра ќе тргне по Нејмар. Се говори дека токму ова е
причината поради која претседателот на Реал нема донесено суперѕвезда до овој
момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×