Раниери ќе му биде нов тренер на Ристовски и ќе му донесе легендарен соиграч во одбраната!?

by
0 минути читање

„А Бола“ пишува дека фаворитот за претседател на Спортинг, Мадеира Родригез веќе има договор со Раниери, и ако се остварат очекувањата дека тој ќе ги добие изборите кои ќе се одржат на 8. септември, Италијанецот ќе стане нов тренер на тимот.

Раниери во моментов е слободен тренер откако по завршувањето на минатата сезона го напушти Нант.

Португалскиот весник додава дека Раниери со себе ќе го земе и Џон Тери, легендата на Челси треба да му стане соиграч на нашиот Стефан Ристовски.

37-годишниот фудбалер е слободен агент откако по крајот на минатата сезона си замина од Астон Вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×