174
Вчера во доцните вечерни часови проструи шпекулација дека Милан со Лацио се договорил за трансфер на Сергеј Милинковиќ Савиќ на Сан Сиро. Се говореше дека за денеска дури и биле закажани лекарски прегледи во клиника во Милано, но ваквите вести се покажаа како неточни.
„Никогаш не сме преговарале со Лацио за Сергеј Милинковиќ Савиќ. Разговарав само со неговиот агент, Кежман, кој добро го познавам. Никогаш не преговаравме со Лацио бидејќи беше невозможно да изведеме една ваква зделка, потребна е голема сума на пари и не можеме да си дозволиме ваква инвестиција поради параметрите кои ги постави УЕФА“ – истакна попладнево Леонардо и ги разочара фановите.