По Чорлука и Манџукиќ, денеска голманот Даниел Субашиќ објави крај на репрезентативната кариера.
„Оваа одлука ја донесов многу пред почетокот на Светското првенство бидејќи репрезентативната кариера сакав да ја заокружам со настап на Мундијал, што беше еден од моите сонови. Секој од нас има некој рок на траење, и на нас е да процениме колку долго можеме да играме. Можеби можев да бранам уште еден циклус, но тоа ќе беше премногу. Вака сакам моите драги колеги кои ја чекаат својата шанса да ги остварат своите сништа како што го направив јас тоа играјќи за Хрватска, светот останува на младите, тие се хрватската иднина“, изјави Субашиќ.
Се најавува дека крај на репрезентативната кариера ќе стави и најдобриот фудбалер на Хрватска, Лука Модриќ.