Динамо Загреб ја победи Астана уште во Казакстан, тогаш славеше со 2-0, па денеска во Хрватска имаше задача само да ја задржи таа предност.
Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми како капитен го предводеше Динамо до уште една победа. Овој пат од 1-0 со гол на Гаврановиќ во 74. минута.
Цел натпревар одигра и Елиф Елмас за Фенербахче, но не се радуваше на крајот. Бенфика допатува со предност од 1-0 во Истанбул и ја сочува.
Португалскиот клуб поведе во 26. минута со гол на Фернандеш, пред самиот крај на првиот дел Потук изедначи на 1-1 и внесе надеж за Фенербахче на кој му требаше победа од два разлика. Но нерешениот резултат остана конечен.
Огромен успех направи и тимот на Мол Види од Унгарија за кој настапува Николов. Тој беше стартер и играше до 85. минута. Неговиот тим одигра 0-0 против Малме и благодарение на гостинските 1-1 оди во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.