Милан не запира, по Бакајоко пристигнува и засилување од Виљареал

by
1 минути читање

Тимуе Бакајоко од Челси нема да биде последното засилување за Милан ова лето. Французинот вчера пристигна во Милано на лекарски прегледи и наскоро треба да стави потпис на договорот и да ја комплетира позајмицата од Челси вредна 5 милиони евра (клубот од Сан Сиро има и опција следното лето да го купи за додатни 35 милиони евра).

Но Леонардо нема да запре тука, и според пишувањата на медиумите од Италија, новиот технички директор договорил уште едно име.

Станува збор за 23 годишниот офанзивен фудбалер на Виљареал, Саму Кастиљехо. Зделката се проценува на 25 милиони евра, односно 18 милиони евра плус услугите на Карлос Бака.

Шпанецот на Сан Сиро ќе пристигне на позајмица за која „Росонерите“ ќе искешираат 3-4 милиони евра, и ќе имаат обврска следното лето во целост да го купат играчот за додатни 13-14 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×